Connect with us

Фудбал

Арсенал не се дава, славеше на гостувањето кај најбогатиот тим во Премиер лигата (ВИДЕО)

„Топџиите“ се уште веруваат дека можат до титулата, но за такво нешто се прашува Манчестер Сити кој од пред ти кола е лидер и само со кикс, а победи на Арсенал, титулата ќе оди во Лондон. Попладнево Арсенал славеше на тешкото гостување, на супер одличниот сезонава Њукасл со 0:2. Откако го купија Арапите, Њукасл стана најбогат тим во Премиер лигата, а со неколку добри засилувања, заслужено се во моментов на третата позицја на табелата.

Сепак, решение попладнево за Арсенал немаа. Одегард во 14-та минута му донесе предност на гостинскиот тим, а во 71-та минута Шар со автогол ја потврди победата на „Топџиите“.