Фудбал
Арсенал одлучи кој ќе биде новиот тренер, ништо од големите имиња
Бројни британски медиуми известија ова утро дека Арсенал избрал нов тренер по 22 години.
Откако стана јасно дека Арсен Венгер ги напушта Емирати, лидерите на клубот од Лондон преговараа со бројни имиња во изминативе неколку дена, а изборот на крајот, наводно се сведе на Микел Артета (36).
Медиумите велат дека за наследникот на Венгер одлучиле моќниот претседател Иван Газидис и синот на сопственикот Џош Кронеке, а според најновите информации Артета ќе биде официјално претставен пред јавноста пред почетокот на Светското првенство.
Единственото нешто што може да ја наруши целата приказна е одлуката на Масимилиано Алегри да го напушти Јувентус, и во тој случај ќе се Алегри ќе добие предност пред Артета, но шансите за ова се минимални.
Артета има имиџ на млад современ тренер кој има намера да се вклучи во сериозна тренерска работа во иднина. За неговиот потенцијал доволно зборува фактот дека перфекционист, како што е Гвардиола, го вклучи во неговиот стручен штаб чиј член бил од 2016 година.
За време на фудбалската кариера Артета имаше шанса да игра за Арсенал, поточно во периодот од 2011 до 2016 година, а беше член на Евертон, Реал Сосиедад, Глазгов Ренџерс, Барселона и ПСЖ.