Connect with us

Фудбал

Арсенал одреди цената за Михтарјан

Арсенал е подготвен да го продаде својот фудбалер Хенрих Михтарјан.

Ерменскиот репрезентативец во моментално е на позајмица во Рома, но на „Емирати“ се подготвени да го продадат во текот на летото и наводно поставиле цена.

Римскиот клуб сака да го задржи Михтарјан и Арсенал нема ништо против да започне преговори, така што овој крилен човек на крајот ќе стане полноправен член на „Волчицата“.

Раководството на Арсенал бара 25 милиони евра за Михтарјан и покрај тоа што договорот на играчот важи до 2021 година.

Со оглед на ваквата состојба, на „Олимпко“ може да се земат предвид и други опции, меѓу кои се и Стефан Ел Шарави и Маријано Дијаз.