Фудбал
Арсенал подготви плата од 12 милиони евра по сезона за Обамејанг
Арсенал сака да го задржи напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг и е во преговори со него за нов подобрен договор. Лондонскиот клуб му нуди договор до 2023 година со плата од 12 милиони евра по сезона, објави на Твитер, новинарот Никола Скира.
Сегашниот договор на играчот со „Топџиите“ истекува летото 2021 година.
Во сезоната 2019/20, Обамејанг има 20 голови и една асистенција на 32 натпревара за Арсенал.
Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува цената на фудбалерот на 50,4 милиони фунти