Поврзи се со нас

Фудбал

Арсенал поради криза отпушти 55 вработени, но на Вилијан му даде неверојатна плата

Поради коронакризата, барем такво беше објаснувањето, пред неколку дена англискиот тим Арсенал им врачи отказ на 55 лица, вработени во тимот. Сепак, зачудуваат информациите од Лондон, кои велат дека новото засилување Вилијан добил неверојатна плата.

Имено, Бразилецот се договорил за тригодишна соработка, а вкупно ќе инкасира 35 милиони фунти. Вредноста на договорот на неделно ниво е 200 илјади фунти.

Новата сезона во Премиер лигата почнува на 12-ти септември. Според информациите досегашниот член на Челзи до крајот на неделава треба и официјално да го потпише договорот.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама