Фудбал
Арсенал поразен, по 13 кола со наведната глава заминуваат од Премиерлигашки меч (ВИДЕО)
По цели 13 кола, екипата на Арсенал доживеа пораз. На гостувањето кај Евертон на „Гудисон Парк“, избраниците на Микел Артета, кои сезонава играат навистина одлично, го почувствуваа вкусот на поразот. Единствениот гол беше дело на Тарковски во 60-а минута. Ова е само втор пораз сезонава за Арсенал, а прв по 13 меча во Премиер лигата. „Топџиите“ остануваат на првото место со 50 бодови, пет повеќе од Манчестер Сити.
Standings provided by Sofascore