Connect with us

Фудбал

Арсенал сака да го изнајми Кутињо, Барселона го враќа на „Камп Ноу“

Лондон, 24 август 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред Филипе Кутињо има друга опција да ја продолжи кариерата. Според „Дејли мејл“, Арсенал е заинтересиран да го изнајми.

Правата на бразилскиот играч од средниот ред ги поседува Барселона, која минатата сезона го даде Кутињо на позајмица во Баерн Минхен.

По вчерашното финале во Лигата на шампионите, во кое Баерн го победи ПСЖ (1:0), се дозна дека Кутињо се враќа во Барса.

Кутињо веќе има искуство во Англија – од 2013 до 2018 година кога ги бранеше боите на Ливерпул, по што се пресели во Барселона за 106 милиони фунти.

Во сезоната 2019/20, Кутињо оствари 37 настапи за Баерн, постигна 11 голови и направи девет асистенции. зс/

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com