Фудбал
Арсенал водеше 2:0, промаши пенал, на крајот едвај бод освои (ВИДЕО)
Арсенал останува лидер на табелата со 74 бодови, но сега само четири бодови повеќе и натпревар повеќе од Манчестер Сити, по денешното реми од 2:2 на гостувањето кај Вест Хем. Два меча по ред Арсенал нема победа, па предноста брзо се топи.
На попледневниот меч Арсенал водеше со 2:0 по десет минути игра со головите Жезус и Одегард. Бенрахма во 33-та намали на 2:1, со што заврши првиот дел.
Во второто полувреме Арсенал не реализираше пенал, поточно Сака не успеа да погоди во 52-та минута. Три минути подоцна Бовен погоди за 2:2, што се покажа како конечен резултат.