Фудбал
Артета: Да играме по истите правила, очекувам фер одлука
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета сака сите клубови да играат по исти правила и се надева дека на состанокот во Премиер лигата во понеделник ќе биде донесена одлука која ќе биде фер кон сите.
Дури шест натпревари од англиското првенство се одложени овој викенд поради ширење на корона вирусот меѓу играчите и спортските работници. Во саботата се одигра само дуелот помеѓу Арсенал и Лидс, во кој лондонскиот тим победи со 4:1.
За понеделник е најавен состанок на претставници на сите 20 клубови, со цел да се разговара за можните опции за продолжување на натпреварувањето.
„Тие треба да кажат што можеме да очекуваме. Ако сите се здрави и компетентни, мислат дека можеме да продолжиме, така нека биде. Ги следиме упатствата. Ако речат играме, ќе играме. Но, ние сакаме истите правила да важат за сите. Неопходно е одлуката да биде праведна за сите“, изјави Артета.
Првиот човек на Премиер лигата Ричард Мастерс им пиша на клубовите, и ги повика играчите да се вакцинираат во што поголем број.