Фудбал
Артета: Горд сум на играта, замисленото уште во првиот дел го остваривме
„Среќен сум и горд на фудбалерите за победата над Манчестер Јунајтед и посебно за начинот на кој што игравме. Сакам да им се заблагодарам на навивачите затоа што тие беа уште подобри од нас. Тоа што го замисливме, уште во првиот дел го остваривме, а во вториот паднавме на физички план, но успеавме да го задржиме водството. Работевме многу изминатиов период и затоа очајна ја посакував оваа победа, бидејќи таа е награда за вложениот труд“, изјави Артета.