Фудбал
Артета им се извини на навивачите на Арсенал за поразот од Кристал Палас
Менаџерот на Арсенал , Микел Артета им се извини на навивачите за „недозволивиот“ настап на тимот во поразот со 0:3 од Кристал Палас во 31. коло од Премиер лигата. Шансите на Арсенал да заврши во топ 4 се намалија по поразот. „Топчиите“ се на петтото место со 54 бодови, колку што има и четвртопласираниот Тотенхем , кој има еден натпревар повеќе.
„Едноставно не бевме конкурентни, особено во првото полувреме. Доцневме на секоја топка и не бевме доволно агресивни во боречките вештини. Воопшто не успеавме да доминираме и примивме два лесни гола. Генерално, нашиот настап беше недозволив и се извинувам“, коментира Артета. Шпанецот изјави дека пред натпреварот разговарал со играчите за тоа колку е важно да се добиваат индивидуални битки на теренот. „Тоа може да се случи. Противникот е физички многу добар тим и не успеавме да се снајдеме“, додаде Артета. Тој најави дека Киеран Тиерни денеска ќе ги направи медицинските тестови за повреденото колено „Треба да ги почекаме резултатите и да видиме каква е ситуацијата“, додаде тренерот на Арсенал.
👔 Mikel Arteta on…
◾ Defeat
◾ Injury news
◾ Crystal Palace
◾ Getting top-four
#CRYARS— Arsenal (@Arsenal) April 5, 2022