Connect with us

Фудбал

Артета по преземањето на Арсенал: Ова е голема чест

Она што се шпекулираше во последните неколку недели конечно е потврдено, Микел Артета е нов тренер на Арсенал.

После низата лоши резултати, „Топџиите“ неодамна го заменија Унаи Емери, а од тогаш не помина ниту ден без да се спомне некои од имињата на тренерите кои биле поврзани со Арсенал.

Патрик Виера, Карло Анчелоти, Масимилијано Алегри се само некои од одличните експерти кои би можеле да ја преземат клупата на Арсенал, но изборот на крајот падна на поранешниот фудбалер на „Топџиите“, Микел Артета, кој до сега беше само асистент на Пепу Гвардиоли во Манчестер Сити.

Шпанецот потпиша договор со Арсенал до летото 2023 година, а првите впечатоци по пристигнувањето во клубот се повеќе од позитивни.

„Ова е голема чест. Арсенал е еден од најголемите клубови во светот и јас сум горд што ми веруваат. Целта ми е да се борам со Арсенал за најдобрите трофеи со Арсенал“, изјави Артета за клупскиот сајт додавајќи:

„Јас сум реален и знам дека не можеме да се подобриме преку ноќ. Сепак, тимот е млад и полн со талент и потенцијал. Знам дека можеме да го вратиме Арсенал таму каде што припаѓа“, рече тој.

Артета беше во конкуренција за тренер на Арсенал пред 19 месеци, но клубот тогаш се реши за Емери.