Фудбал
Артета подготвува спектакл за новата сезона: Како би можел да изгледа составот на Арсенал?
Микел Артета на почетокот на сезоната беше пред отказ поради лоша серија на Арсенал, но после тоа ситуацијата драстично се промени.
Артета конечно успеа да го „склопи“ тимот на Арсенал како што сака, а лондонскиот клуб сезонава бележи доста добри резултати. „Топчиите“ моментално се четврти на табелата во Премиер лигата и главна цел сезонава е да изборат пласман во Лигата на шампионите.
Шпанскиот стручњак успеа да направи прилично добар играчки кадар, но јасно е дека се уште не е готово со тоа и дека на лето не очекуваат нови промени во Арсенал.
„Топчиите“ сигурно ќе се обидат максимално да го засилат својот тим, а веќе се шпекулира со некои играчи кои Арсенал ќе се обиде да ги доведе на „Емирати“ на крајот од оваа сезона.
Прв на листата е Серж Гнабри, кој би можел да се врати во Арсенал од Баерн, а тимот би можел да го засили Рубен Невес, кој веќе неколку сезони пружа доста добри партии во дресот на Вулверхемптон.
Со Арсенал се поврзува и напаѓачот на Реал Сосиедад, Александар Исак, кој очигледно летово ќе го напушти шпанскиот клуб, а негова нова дестинација би можело да биде лондонскиот клуб.
Се очекува Александре Лаказет да си замине по истекот на неговиот договор ова лето и јасно е дека на Арсенал очајно му требаат засилувања во нападот.
Арсенал му „фрли око“ и на одличниот Лукас Паке, кој игра одлично во Лион. Се очекува Салиба да се врати од позајмица од Марсеј, што секако ќе ја зголеми конкуренцијата во одбраната на Арсенал.
Медиумите во Англија веќе почнаа да шпекулираат за тоа како би можел да изгледа составот на Арсенал во новата сезона, а навивачите се задоволни што клубот конечно малку се враќа на старите патеки на славата.
Можен состав на Арсенал во новата сезона: Рамсдејл, Томијасу, Вајт, Габриел (Салиба), Тирни, Парти, Невес (Пакета), Одегард, Гнабри (Мартинели), Сака, Исак.

