Connect with us

Фудбал

Артета прави нов непобедлив Арсенал за следната сезона

Арсенал би можел да влезе во следната сезона со многу променет состав.

Тренерот на Арсенал, Микел Артета е подготвен да донесе нови играчи во својот тим, а тимот на Арсенал треба да изгледа вака.

Голманот кој бранеше во оваа сезона ќе остане на голот, а тоа е Германецот Бернд Лен, кој ја оправда улогата на засилување.

Белерин би бил на десен бек, додека стоперскиот тандем би се состоел од Салиб кој се враќа во Арсенал од позајмица, и Упамекано кого Артета сака да го донесе.

Лев бек би играл досегашниот играч на ПСЖ, Курзава, додека двајца задни играчи од средниот ред би биле Партиј, кого Артета сака да го донесе од Атлетико Мадрид, и Гвендози.

Пред нив би бил сегашниот играч на Челси, Вилијан, кој би играл на позицијата преден играч од средниот ред, а Пепе и Киеза, кои во моментов настапуваат за Фиорентина, би биле на крилја.

Икарди би можел да биде во врвот на нападот, затоа што Интер е подготвен да понуди размена на Арсенал, па тие би го дале Икарди за Аубамејанг.