Connect with us

Фудбал

Артур Мело уште еднаш даде до знаење дека не сака да ја напушти Барселона

Во последно време има многу шпекулации дека Миралем Пјаниќ летово ќе потпише за Барселона.

Шпанските и италијанските медиуми со денови пишуваат дека Пјаниќ оди во Барселона на крајот на сезоната, и дека барем еден играч на Барса кој ќе оди во спротивна насока ќе биде вклучен во овој трансфер.

Јувентус покажа желба тоа да биде Артур Мело, но бразилскиот фудбалер не сака да го напушти „Камп Ноу“. Покрај него, постои опција да се вклучат Иван Ракитиќ или Артуро Видал во договорот.

Артур Мело одлучи вечерва да им каже на сите дека не сака да ја напушти Барселона и дека одењето во Јуве не е во прашање. Имено, Барса на својот Твитер профил објави неколку фотографии од него, а ги запраша фановите која комбинација му одговара најдобро.

Бразилецот сега повторно се огласи, уште еднаш најавувајќи дека не сака да ја напушти Блауграна на крајот на сезоната.

„Слушајте … Јас навистина не сакам да зборувам за тоа. Јас изгледам добро во сите комбинации, но ништо не се споредува со дресот на Барселона“, рече Артур.