Фудбал
АС: Двете опции пред Роналдо се Дортмунд и Спортинг
Шпанското издание AS тврди дека Кристијано Роналдо има само две опции да ја продолжи кариерата. Според извори на изданието, Португалецот се уште сака да игра во Лигата на шампионите, а опции се Борусија Дортмунд и Спортинг.
Германскиот клуб се уште е во потрага по замена за Себастијан Ала и покрај тоа што го ангажираше Ентони Модест од Келн. Борусија Дортмунд веќе е во контакт со агентот на Роналдо, Жорге Мендеш.
Втората опција на Роналдо е да се врати во Спортинг Лисабон, каде ја започна својата професионална кариера. Истовремено, португалскиот клуб мора да го реши прашањето за големата плата на играчот, како и да го убеди во трансферот селекторот на тимот Рубен Аморим.