Фудбал
„AС“: Трансферот на Хамес Родригез е 80 проценти завршен!
Ако може да се верува во она што го пишува шпанскиот весник „АС“, тогаш конечно ќе биде завршен трансферот на колумбиецот Хамес Родригез од Реал Мадрид и ние ќе престанеме да слушаме силни шпекулации за неговата иднина.
Хамес се поврза со скоро секој европски клуб во изминатите неколку месеци за кој се претпоставуваше дека има пари за да го плати.
Во последно време, на листата остана само едно име – Атлетико Мадрид. „Јорганџиите“, наводно, се главно фокусирани на преговорите со градскиот ривал за овој трансфер, а тој речиси 80 проценти е завршен, пренесува споменатиот извор.
Остануваат уште некои ситни работи што треба да се направат помеѓу двата клуба, а се верува дека играчот и Атлетико Мадрид наскоро ќе најдат заеднички јазик затоа што Колумбиецот веќе долго време е заинтересиран да се пресели во тој клуб.
Патем, Хамес е член на Баерн во последните две сезони, но германскиот гигант не одлучи да го откупи неговиот договор од Реал. Тој се врати во Мадрид во летото 2019 година, но нема место за него ниту во оваа сезона. Тој досега има забележано само седум натпревари во Ла Лига и постигнал еден гол и една асистенција.
Претходно беше споменато дека за неговите услуги се заинтересирани Евертон, ПСЖ, Арсенал и некои други клубови, но се чини дека следната дестинација на овој 28-годишник е веќе позната.
Да додадеме и дека неофицијалната цена што ќе ја плати Атлетико е 25 милиони евра. Износот е малку помал затоа што Колумбиецот е во последната година од договорот.