Connect with us

Фудбал

„AS“: УЕФА има идеја како да ја заврши сезоната, но на клубовите нема да му се допадне

УЕФА закажа голем број состаноци утре, по што ќе се знае за судбината на фудбалот во Европа за оваа сезона.

УЕФА одлучи да одржи видео конференција за да оствари средби со претставници на лигите, кои во моментот се суспендирани поради пандемијата на коронавирус. Целта е да се најде решение за да се завршат сезоните.

Главната цел на УЕФА е да одлучи дали ќе го организира Европското првенство ова лето. Мадридски „АС“ пишува дека УЕФА сака терминот на ЕП да остане ист и да се игра од 12 јуни до 12 јули годинава.

Но, клубовите се спротивставуваат на ова и сакаат ЕП да се одложи за да завршат сезоните. „АС“ малку ги затресе челниците на клубовите со тоа што најави дека УЕФА сака сезоните да завршат уште сега во лиги кои се веќе прекинати.

Идејата на УЕФА е да го прогласи сегашниот лидер на табелата за шампион, но тешко е да се очекува дека ќе помине. Најочигледна опција е да се продолжат сезоните во прекинатите лиги до крајот на јуни, и дека ЕП ќе се игра на крајот на оваа година или следното лето.

Сепак, многу повеќе информации за сето ова ќе бидат познати по утрешната видео-конференција.