Connect with us

Фудбал

Астон Вила го промени своето лого за да личи на Челзи

Астон Вила објави дека од следната сезона ќе го менува својот грб. Клубот од Бирмингем го остави изборот на ново лого во рацете на навивачите.

Поддржувачите имаа три опции: да го задржат старото лого или да изберат од два нови предлози.

Гласањето заврши со јасен победник. Вила од следната сезона ќе има кружно лого, кое многу личи на она на Челзи. За овој предлог се одлучиле дури 77 отсто од оние што гласале.

Астон Вила последен пат го промени своето лого пред само шест години.