Фудбал
Астон Вила го сака Бентанкур
Астон Вила е заинтересирана за играчот од средниот ред на Јувентус, Родриго Бентанкур и започнала преговори со клубот од Торино, пренесува „Би-Би-Си“.
Тимот од Бирмингем е исклучително активна во овој преоден рок. По ангажманот на Лука Диња и Филипе Кутиња, менаџерот Стивен Џерард сака да го засили тимот со Уругваецот од Јувентус.
Бентанкур (24) настапува за Јуве од летото 2017 година, кога пристигна од Бока Јуниорс за 15,7 милиони евра. Во меѓувреме со Старата дама освои три скудета, а има договор до 2024 година.
Бентанкур оваа сезона е еден од најстандардните во составот на Масимилијано Алегри со вкупно 26 одиграни натпревари.