Кошарка
Аталанта ја прекина победничката серија на Милвоки
Атланта Хокс на домашен терен го совлада Милвоки Бакс со 117:98 во регуларен натпревар од Националната кошаркарска асоцијација (НБА). Хоукс постигнаа убедлив успех и им го нанесоа првиот пораз на еленчињата од почетокот на кампањата.
Без Треј Јанг во својот состав, домаќините прикажаа инспирирана игра, предводени од чуварот Дежонте Мареј, кој пристигна од Сан Антонио Спарс. Тој остана блиску до трипл-дабл – 25 поени, 8 скока и 11 асистенции и три украдени топки за нешто повеќе од 32 минути на паркетот. Еј Џеј Грифин придонесе со 24 поени од клупата, а уште четворица кошаркари на Хокс завршија со двоцифрен број поени – Џон Колинс и Џастин Холидеј имаа по 14.
Ѕвездата на Милвоки, Џанис Антетокунмпо ги предводеше гостите со 25 поени и седум скока, но шутираше под 50 отсто за два поени. Џру Холидеј заврши со 16 поени, шест скока и седум асистенции, но и осум прекршоци, а тројца кошаркари запишаа по 11 поени – Грејсон Ален, Брук Лопез и Боби Портис, но нивните напори не беа доволни.
Бакс го претрпе првиот пораз од почетокот на сезоната по девет последователни победи, но остана на врвот на Источната конференција. Атланта е на четвртото место со скор 7-3 по третиот последователен успех во Лигата. Милвоки се соочува со Оклахома Сити Тандер во среда, додека Хокс истиот ден се домаќини на Јута Џез.
Остатокот од резултатите:
Шарлот Хорнетс – Вашингтон Визардс 100:108
Орландо Меџик – Хјустон Рокетс 127:134
Детроит Пистонс – Оклахома Сити Тандер 112:103
Индијана Пејсерс – Њу Орлеанс Пеликанс 129:122
Филаделфија 76ерс – Феникс Санс 100:88
Мајами Хит – Портланд Трејл Блејзерс 107:110
Чикаго Булс – Торонто Репторс 111:97
Мемфис Гризлис – Бостон Селтикс 106:109
Минесота Тимбервулвс – Њујорк Никс 107:120
Сан Антонио Спарс – Денвер Нагетс 109:115
Далас Маверикс – Бруклин Нетс 96:94
Голден Стејт Вориорс – Сакраменто Кингс 116:113
Јута Џез – ЛА Лејкерс 139:116
ЛА Клиперс – Кливленд Кавалирс 119:117