Connect with us

Фудбал

Аталанта во налет за уште една сезона во ЛШ, настрадаа Несторовски и неговиот тим

Екипата на Аталанта и оваа сезона игра одличен фудбал во Серие А. Ја запиша петтата победа во низа или шеста во последните седум меча во кои нема пораз. Оваа сезона тимот од Бергамо ја историската дебитантска сезона во Лигата на шамионите и стигна до осминафиналето. Аталанта е во налет да обезбеди пласман втора сезона по ред во најелитното фудбалско натпреварување.

Вечерва пред нивниот налет настратаа македонскиот репрезентативец Илија Несторовски и неговиот тим Удинезе. Како гостин тимот на Гасперини славеше со 3:2. Запата и Муриел два пати стрелаа, додека двата погодоци за Удинезе ги постигна Ласања. Несторовски во игра влезе во 82-та минута и ги одигра последните моменти од мечот во кој Удинезе го постигна вториот погодок. Аталанта е на петото место со 57 бодови, а Удинезе е малку над опасната зона која носи во понизок ранг, па до крајот ќе се бори за опстанок.