Connect with us

Фудбал

Атлетико го купи договорот на Караско

Мадрид, 8 септември 2020 (МИА) – Атлетико потпиша траен договор со играчот за врска Јаник-Фереира Караско. Ова е објавено на официјалната веб-страница на клубот.

Минатата сезона Караско играше за Атлетико на позајмица од кинескиот „Далиан Јифанг“. Договорот на Белгиецот е на четири години.

Минатата сезона тој одигра 16 натпревари за тимот и постигна еден гол и четири асистенции.

Дваесет и седумгодишниот фудбалер играше во Кина од 2018 до 2019 година. Пред тоа, тој помина три сезони во Атлетико. зс/

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com