Фудбал
Атлетико има проблем, решението доаѓа од Серија А.
Атлетико Мадрид бележи разочарувачки резултати во првиот дел од сезоната. Седмото место во лигата и осум бода зад лидерите Реал Мадрид и Барселона, кои имаат одиграно еден натпревар помалку.
Она што најмногу го мачи тренерот Симеоне е недостигот на голови, што се чини дека го натерало Аргентинецот да бара засилување во јануарскиот преоден рок.
Порди потешкотиите да стигнат до Единсон Кавани, Атлетико, според „АС“, го насочи напаѓачот на Торино, Андреа Белоти. Челниците се чини дека се подготвени да понудат 35 милиони евра за да ги обезбедат неговите услуги.