Фудбал
Атлетико испрати понуда за „новио“ Туран
Атлетико Мадрид испрати понуда за најголемиот талент на Турција, Мустафа Капи.
На само 17 години, Капи го забележа својот прв настап во дресот на Галатасарај, со што стана најмладиот дебитант во историјата на клубот, а бројни експерти се убедени дека тој е играч со светла иднина.
Бидејќи неговиот договор истекува на крајот на тековната сезона, голем број клубови се заинтересирани да го доведат во своите редови, а во Атлетико Мадрид веќе направија конкретен потег.
Медиумите во Шпанија пренесуваат дека Атлетико влегле во преговори со турското „чудо од дете“ и во него го гледаат новиот Арду Туран, а информациите ги потврди и неговиот агент.
„Атлетико е најзаинтересиран, но го сакаат и во Валенсија, Вињареал, Селта и Реал Сосиедад. Мустафа ќе биде слободен играч на крајот на сезоната и ќе може да избере клуб каде ќе ја продолжи кариерата“, изјави агентот на Капи, Невдет Ерзегер, за „Ас“.
Во стилот на игра, Капи најмногу се споредува со Погба.