Connect with us

Фудбал

Атлетико Мадрид со понуда до Гризман која тешко се одбива

Еден од најдобрите играчи во светот, Антојн Гриземан, наводно, е веќе со едната нога на Кампот Ноу, но Атлетико Мадрид нема намера да дозволи да замини толку лесно.

Од Атлетико се свесни дека Гризман е нивниот најдобар играч и веќе му спремиле нов договор, кој ќе биде најголем во историјата на клубот, но исто така е една од најголемите профитабилни договори воопшто во денешниот фудбал.

Како што пишуваат странските медиуми, Атлетико ќе му понуда на Гризман помеѓу 20 и 22 милиони евра годишна плата, што во случај на потпишување, го прави четвртиот најскап фудбалер во светот.

Само Кристиано Роналдо (23 милиони евра), Нејмар (37 милиони евра) и Лео Меси (50 милиони евра) ќе бидат пред Гризман.

Покрај тоа, Атлетико му дал на Гризман ветување дека ниту еден од стандардните првотимци нема да го напушти клубот ова лето и сега се чека неговиот одговор на понудата која е повеќе од одлична.

Гризман одигра 48 натпревари за Атлетико Мадрид оваа сезона и постигна 29 гола и 15 асистенции.