Connect with us

Фудбал

Атлетико се огласи, еве зошто Врсаљко полудел во тунелот по мечот со Сити (ВИДЕО)

Актуелниот шпански првак Атлетико Мадрид објави дека двајца играчи на Манчестер Сити го провоцирале Шиме Врсаљко по натпреварот од Лигата на шампионите одигран во вторникот, но одбија да кажат дали ќе спроведат дисциплинска постапка и ќе го казни хрватскиот играч за насилничко и некултурно однесување во тунелот.

Хрватскиот репрезентативец сакал физички да се пресмета со играчите на англискиот шампион во тунелот на стадионот, фрлајќи кон нив неидентификуван полесен предмет, а додека луѓето од неговиот клуб го држеле, тој како да плука по противниците, покажаа снимките објавени во средата. .

Во тунелот на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, тензиите се прелеаа од 90. минута кога дефанзивецот на Атлетик Фелипе беше исклучен бидејќи го удри гостинскиот играч Фоден.

На снимката се гледа како дефанзивецот на Сити, Кајл Вокер (31), турка функционер на Атлетико Мадрид кој ненадејно дошол таму пред да влезе во тунелот, а потоа друг играч на Сити турка друг службеник на Атлетико.

После тоа се гледа дека е истуркан и Врсаљко кој се движел кон него. Луѓето од клубовите потоа ги раздвојуваат Врсаљко и тој играч на Сити. И Вокер се завртел и се приближил до Врсаљко, но на снимката не се гледа дали имало физички контакт меѓу нив.

Натпреварот кој заврши 0-0 Врсаљко го следеше од клупата за резерви. Манчестер Сити се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите поради победата од 1-0 во првиот натпревар.