Атман откако си замина, проговори и ги откри причините зошто го напуштил Вардар

„Веќе седум месеци, од почетокот на сезоната, играв за Вардар, а не земав ниту една единствена плата. Кризата беше очигледна, а иднината на клубот крајно неизвесна. Имавме многу прашања, а не добивавме одговори. А имам и сериозна семејна ситуација, со сопругата чекаме второ дете и затоа морав да донесам одлука. Заедно решивме да се вратиме во Русија и ја прифативме понудата на Спартак“, изјави Атман.