Други спортови
АТП потврди: Ѓоковиќ шести пат годината ја завршува на првото место
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ до крајот на годината официјално ќе биде најдобар на АТП-турнејата, објави светската тениска организација.
Ѓоковиќ по шести пат во својата кариера ќе ја заврши годината на првото место на АТП-листата.
Со тоа, Новак го изедначи рекордот на Пит Сампрас, според бројот на завршени години на лидерската позиција.
Српскиот тенисер ја заврши годината на првото место во 2011, 2012, 2014, 2015, 2018 и 2020 година.
Светската тениска организација потврди дека Надал нема да може да го загрози Новак на врвот на АТП-листата, дури и математички. Новак го обезбеди првото место на табелата елиминирајќи ги Ćориќ и Крајиновиќ на турнирот во Виена.