Фудбал
Аууу, Онана, па што ти стана, Манчестер Јунајтед победи преку пресврт, но голманот повторно тема за потсмев (ВИДЕО)
Манчестер Јунајтед го совлада Нотингем Форес со 3:2 и тоа преку пресврт. Губеа „Црвените ѓаволи“ со 2:0 на домашен терен по само четири минути игра, но сепак на крајот успеаја да го свртат резултатот во своја корист.
WHAT WAS ONANA DOING ??? 😭
— Janty (@CFC_Janty) August 26, 2023
Голманот на Јунајтед, Онана кој е платен 53 милиони на Интер и кој во Милано беше вистински „ѕвер“ повторно е тема за потсмев на социјалните мрежи. Тоа е поради неговиот потег при контрата на противникот во првата минута кога при налетот на противнички фудбалер седна на земја, наместо да се фрли кон играчот.
Сите голови на следниот ЛИНК.