Фудбал
Аууу, па што е ова! На 33 години доби шанса за Реал Мадрид, па со ножички постигна ефектен гол (ВИДЕО)
Реал Мадрид го совлада Манчестер Јунајтед во пријателскиот натпревар во Хјустон (2:0) со голови на дебитантите кои пристигнаа летово. Најпрвин Џуд Белингем погоди во шестата минута и покажа дека не е без причина еден од најскапите фудбалери во историјата на Реал Мадрид, а непосредно пред судиското надополнување, поточно во 88. минута, Хоселу го постигна еден од најубавите голови што сме ги виделе на пријателските мечеви, а и воопшто.
Joselu, what a way to introduce yourself. Kissing the badge right after scoring such an incredible goal. He’s him. pic.twitter.com/xqg2JSGi37
— Xav Salazar (@XavsFutbol) July 27, 2023
Инаку, Хоселу има 33 години и летово пристигна во Реал Мадрид како замена за Карим Бензема, еден од најдобрите играчи во клупската историја. Хоселу беше позајмен од второлигашот Еспањол и сите се чудеа зошто го донесе Реал Мадрид, но се чини дека тој само „процвета доцна“ и дека тоа не беше случајно.
Исто така, Хоселу беше и во јуниорските селекции на Реал Мадрид, постигна гол за првиот тим во 2011/22 година, а потоа играше во Хофенхајм, Франкфурт, Хановер, Стоук, Депортиво, Њукасл, Алавес, Селта и Еспањол. Почна да игра и за шпанската репрезентација и оваа година веќе постигна три гола. Сепак, тешко дека ќе постигне подобар од оној кој претходната вечер заврши во мрежата на Манчестер Јунајтед…
Mbappe? No, Real Madrid have Joselu! fantastic goal😱pic.twitter.com/0tm2MtT1fh
— VAR Tático (@vartatico) July 27, 2023