Фудбал
Австралиец со македонско потекло ново засилување за Брегалница
Пред продолжението на првенството во Првата македонска фудбалска лига, Брегалница со засилување и на средниот ред. Ново име во редовите на „сините“ е младиот Австралиец со македонско потекло, Зак Кочанковски. 20-годшниот Кочанковски ќе биде освежување за средниот ред од составот на Горан Здравков. Кочанковски доаѓа од екипата на Вестерн јунајтед од А-лигата на Австралија каде настапуваше изминативе две сезони.
Со финишот на преодниот рок во летниот трансфер период, Брегалница дополнително го засили офанзивниот среден ред со интернационалецот од Гамбија, Соломон Кинг Канформ.