Други спортови
Австралија опен: Елиминирани Федерер, Шарапова и Кербер
Елиминацијата на шампионката од Вимблдон, Германката Анжелик Кербер во женска и Швајцарецот Роже Федерер, досега се најголемите изненадувања на првиот годинашен грен слем турнир Австралија опен.

Германката го загуби осминафиналниот дуел со 35. на ВТА листата, Австралијката Данел Колинс во два сета во кои доби само два гема . Дебитантката Колинс во четвртфиналето ќе се соочи со подобрата од дуелот меѓу Слоун Стивенс и Анастасија Павличенкова.
Федерер пак во четири сета е елиминиран од Гркот Стефано Циципас со 6:7, 7:6, 7:5, 7:6.
Уште една Австралијка направи подвиг во осминафиналето. Ешли Барти ја елиминираше Марија Шарапова. Русинката се бореше многу повеќе од Кербер, одигра три сета, решавачкиот го загуби со 6:4 откако претходно го доби воведниот со 6:4, а потоа тргна пресвртот на Барти на која вториот сет и припадна со уверливи 6:1. Барти за место во полуфиналето ќе игра против Петра Квитова која забележа осминафинален триумф од 2:0 во сетови во мечот со Американката Аманда Анисимова.
Рафаел Надал во четвртфиналето ќе игра против Франсис Тијафо. Шпанецот го обезбеди 37. четвртфинале на грен-слем турнирите победувајќи го Томаш Бердих со 6:0.6:1,7:6. Тијафо оди меѓу осумте најдобри по осминафиналната победа од 3:1 во сетови на Григор Димитров.