Connect with us

Други спортови

Австралија Опен ќе се игра на два континента !?

Австралијан опен според најновите информации би требало да почне на 1 февруари. Пандемијата со коронавирусот го отежнува организирањето на Австралија опен, првиот тениски грен слем во 2021 година. Турнирот треба да започне на 1 февруари, но според постојните мерки, тенисерите мора да пристигнат во Австралија во тој случај на 8 јануари, со цел да се спроведе карантин за 12 дена.

Австралискиот премиер Скот Морисон побара Пекинг веднаш да го тргне „гнасниот“ твит и да се извини. Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Жао Лиџијан ја објави модифицираната фотографија во момент кога односите на двете земји се на ниско ниво и кога е објавен извештајот за злосторствата на австралиските специјални сили во Авганистан.

Главната пречка во преговорите меѓу лидерите на “Австралија опен” и Владата на Викторија е долгиот карантин на кој властите инсистираат при доаѓањето во земјата, нешто на што тенисерите веќе гласно реагираа.

Најважно ќе биде турнирот да се одржи, бидејќи во спротивно, тоа ќе им наштети не само на организаторите, кои ќе изгубат многу пари од приходите, туку пред се на тенисерите и оние кои живеат од овој спорт, вака анализираат медиумите од Австралија.