Connect with us

Други спортови

Австралиски новинар потсетува: “Срам да ти е Австралија! Сети се на помошта од Новак!”

Ави Џемини е новинар со над 200.000 следбеници на Твитер, тој е еден од најпопуларните во таа земја, а имаше што да каже по се што му се случи на Новак Ѓоковиќ.

На српскиот тенисер му беше одбиена виза, иако Србинот постапи по процедурата, иако доби лекарско ослободување, па иако тројца од нив заминаа на турнирот на ист начин.

Новак е најдобриот тенисер во историјата на Австралија опен, а не само тоа, Србинот беше дарежлив и кон Австралија.

Токму на тоа не потсети Џемини.

Новак донирал 25 илјади долари пред точно две години кога Австралија ја зафатија пожари, тоа го направил на загрозените заедници.

„Вака возвраќаме на великодушноста на Новак Ѓоковиќ на Австралија во нашите најтемни денови. Срамота“, напиша новинарот на Rebel News.

Реклама

Facebook

Реклама