Connect with us

Фудбал

Автограмот кој судијата на мечот со Манчестер Сити зема автограм од Ерлинг Халанд ќе го продава на аукција за хуманитарна цел

Помошниот судија Октавијан Совре, кој во тунелот на стадионот на мечот Манчестер Сити-Борусија Дортмунд побарал и добил автограм од Ерлинг Галанд, решил да ги продаде картоните на кои се потпишал младата ѕвезда.

Многумина го осудија ова однесување на судијата, меѓутоа романските медиуми открија дека неговата цел била благородна.

Судијата Совре, долго време соработува со центар кој им помага на деца со аутизам. Поради тоа, автограмот на Халанд ќе го стави на аукција, а парите ќе ги донира во центарот.