Connect with us

Фудбал

Азар до Куртоа: Доста е, си одам!

Еден Азар речиси сигурно ќе го напушти Реал Мадрид во јануарскиот преоден рок. Фудбалерот никогаш не успеа да се наметне во шпанскиот клуб откако пристигна со статус на ѕвезда од Челзи.

Големите приходи што ги добиваше досега беа доволни да ги издржи одлуките на тренерите и да остане во втор план.

Азар оваа сезона се појави на 6 натпревари, а Ел Национал пренесува дека му се доверил на Тибо Куртоа дека сигурно ќе го напушти Реал во зима.

Не недостига интерес за Азар, Њукасл е еден од главните фаворити за неговиот потпис.

„Страчките“ прекрасно ја започнаа новата сезона и по 14 одиграни натпревари се на третото место во поредокот, а сигурно ќе се бараат нови засилувања.

Марка претходно објави дека по разговорот со Анчелоти, Азар одлучил да го напушти Реал Мадрид во јануари и тоа речиси сигурно ќе се случи.

Јасно е дека за Азар нема да биде проблем да си најде нов клуб, но Реал нема да може да заработи толку пари колку што потроши за да го привлече играчот пред три години.

Трансферот тогаш изнесуваше речиси 120 милиони евра, а Азар се очекува да чини само 15 милиони евра во јануарскиот преоден рок, што е неверојатна разлика.