Фудбал
„Азар ќе успее во Мадрид, тој може да ја освои Златната топка“
Мартинез не се сомнева дека Хазард ќе одбележи ера во Мадрид.
Еден Азар воопшто не ја започна авантурата во Реал Мадрид.
Белгиецот постигна само еден гол, а повеќе време помина во медицинска просторија отколку на терен – поради повреди, нешто што не му се случило многу години во Челзи.
Во секој случај, тренерот на Белгија, Роберто Мартинез, ги увери фановите на „Лос Бланкос“ дека Азар ќе одбележи ера во Мадрид, како и многу други фудбалери кои ја напишале историјата.
„Без сомнение, Азар ќе биде успешен во Мадрид. Понекогаш треба да имате тежок старт во новиот клуб за да разберете што значи да се игра за Мадрид“, изјави Мартинез пред Кадена Сер
„Еден не изгуби натпревар во Челзи. Навивачите на Мадрид треба да знаат дека тој ќе биде успешен. Тие треба да бидат мирни затоа што Азар ќе означи ера. Не постои играч како него кој може да ја освои Златната топка“.