Фудбал
Азар по секоја цена
Лидерот во германската Бундес лига, тимот на Борусија од Дортмунд и понатаму важи за прв фаворит кога е во прашање потписот на белгискиот интернационалец од редовите на Борусија од Менхенгладбах, Торган Азар.

Помалиот брат на далеку попознатиот фудбалер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Еден Азар, сака да ја промени клупската средина за време на зимскиот преоден рок. Најавениот трансфер може да биде реализиран во јануари само доколку официјалната понуда за белгискиот интернационалец не биде помала од 40 мил. евра.