Фудбал
Азар се залага за поголема минутажа во Реал
Белгискиот репрезентативец Еден Азар призна дека сака поголема минутажа во Реал Мадрид. 31-годишниот офанзивен играч за врска има само четири настапи и 158 минути од почетокот на актуелната кампања за европскиот клупски шампион, постигнувајќи гол и асистенција.
Азар пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ во летото 2019 година, но постојаните повреди сериозно му ја ограничија можноста за редовно играње, а оваа сезона тој главно беше замена и покрај тоа што беше физички подготвен.
„Ситуацијата е деликатна бидејќи мојата желба е да играм повеќе. Се чувствувам добро во Реал и знам што можам да покажам ако сум почесто на теренот. Имаше период кога работите беа комплицирани бидејќи сакав да играм, но тренерот (Карло Анчелоти) не ме пушти“, прокоментира Белгиецот за Marca.
Азар се надева дека ќе добие повеќе време за игра за да биде во добра форма за Светското првенство во Катар во ноември и декември.
“Сакам да играм за да бидам во вистинска форма за Светското првенство. Ќе видиме што ќе одлучи селекторот (Роберто Мартинез), но најсреќен се чувствувам кога сум на теренот. Секогаш давам се од себе и сум Секогаш велеше дека стариот „Еден Азар ќе се врати кога ќе добие шанса да игра повеќе. Само треба повторно да влезам во ритам“, додаде Белгиецот.