Connect with us

Фудбал

Азар: Тој ќе биде еден од најдобрите во историјата, се надевам дека ќе дојде во Реал

Еден Азар призна дека се надева дека Калјан Мбапе ќе му се приклучи на Реал Мадрид во следните две години.

Познато е дека „Лос Бланкос“ го сака напаѓачот, кој во вторник ќе го посети „Бернабеу“ со ПСЖ во натпреварот од групната фаза од Лигата на шампионите.

„Да дојде во Реал Мадрид… тој ќе беде еден од најдобрите на светот во наредните години“, рече Белгиецот за „Ле Парисиен“.

„Има многу млади играчи кои имаат голем потенцијал, но ако Килијан продолжи вака, тој ќе биде еден од најдобрите во историјата.

На 20-годишна возраст бев исто така шампион на Франција со Лил, но кога станува збор за статистиката, не споредуваме. Тој гоо достигна својот врв на оваа возраст“.