Connect with us

Фудбал

Бабунски раскина со Јокохама Маринос, може да дојде во Вардар?

Одличниот македонски 24-годишен репрезентативец од средниот ред Давид Бабунски ја заврши својата ,,мисија” во Јапонија и ќе бара нова фудбалска средина. Во својата кариера настапуваше за Барселона Б, Црвена Звезда и последен клуб му беше токму Јокохама.

Бабунски беше лидер и капитен во младинските репрезентативни селекции на Македонија, а најголемиот успех го имаше со У-21 репрезентацијата и пласманот на Европско првенство во Полска.

Ретко добиваше повик во А-селекцијата, но можеби и поради фактот што настапуваше на азискиот континет, а ако успее да најде ангажман во Европа може повторно да го гледаме во сениорскиот репрезентативен дрес.

Навивачите на Вардар силно го посакуваат играчот во своите редови, но прашање е колку тимот ќе биде подготвен финансиски да ги задоволи барањата на играчот од средниот ред.