Connect with us

Фудбал

Баер му постави ултиматум на Челзи за Хаверц

Леверкузен, 19 август 2020 (МИА) – Премиерлигашот Челзи е сериозно заинтересиран за услугите на играчот од средниот ред на Баер, Каи Хаверц и повеќе од еден месец е во преговори, пренесува „Билд“.

Управата на германскиот клуб издаде ултиматум според кој, ако до 28 август трансферот не биде завршен, фудбалерот се враќа на тренинзи во Леверкузен.

Познато е дека Хаверц сака да ја продолжи кариерата во Челзи и одамна се договори за личните услови и петгодишна соработка.

Баер сака да добие околу 100 милиони евра за својот фудбалер. зс/

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com