Connect with us

Фудбал

Баер ослабен пред Дортмунд – се повреди Тиаго Алкантара

Баерн Минхен ќе биде значително ослабен за денешното големо дерби против Борусија Дортмунд откако беше обелоденето дека Тијаго Алкантара нема да може да настапи на пресметката со „милионерите“.

„За жал, денес Тиаго не тренираше и ќе го пропушти натпреварот со Борусија Дортмунд“, потврди тренерот на Баварците.

На спротивната страна, Борусија ќе биде без помошта на повредениот капитен Марко Ројс, но добра вест за „милионерите“ е што дефанзивецот Хумелс ќе биде подготвен за настап и покрај повредата на последниот дуел против Волфсбург.

Големите ривали Баерн Минхен и Борусија Дортмунд ќе го одиграат своето второ овосезонско дерби на германскиот шампион, а тренерите на двете екипи на „Сигнал Идуна Парк“ нема да може да истрчаат со своите најдобри состави.