Фудбал
Баерн да заборави на намалување на цената на Сане
Манчестер Сити го извести Баерн Минхен да заборави на намалувањето на цената за Лерој Сане, пренесува Телеграф.
Пеп Гвардиола во петокот потврди дека Сане одбивал да го обнови својот договор три пати бидејќи сака да игра за друг клуб.
Манчестер Сити ќе му овозможи да си замине ова лето ако дојде понудата што ја сакаат, во спротивно ќе го задржат се додека му истече договорот во 2021 година.
Сити не сака да го загуби германскиот крилен играч, за кого е силно заинтересиран Баерн Минхен, но цената во висина до 100 милиони евра е малку висока во ова време на пандемија, па затоа ќе биде навистина жешко лето.