Поврзи се со нас

Фудбал

Баерн договори и централен напаѓач, но тоа не застанува тука

Минхен, 4 октомври 2020 (МИА) – Баерн (Минхен) ќе има нов централен напаѓач – Ерик Максим Чупо-Мотинг, пренесува „Телефут“. Тој ќе потпише како слободен агент по заминувањето од Пари Сен Жермен во август. 31-годишниот репрезентативец на Камерун доаѓа како резерва на Роберт Левандовски и ќе потпише за две сезони.

Вчера стана јасно дека Баварците преговарале и за Шпанецот Марк Рока од Еспањол. Тој денес треба да ги помине медицинските тестови за зделката да биде завршена до утре вечер, кога ќе затвори пазарот. Договорот со Чупо-Мотинг може да се склучи и после тоа, бидејќи тој е слободен агент.

Сепак, се очекува Баерн да земе уште еден играч – десен бек, откако Сержињо Дест се премисли и замина во Барселона. Тоа речиси сигурно ќе биде Буна Сар од Марсеј.

Инаку, шампионите го сакаат и Калум Хадсон-Одои од Челси.

Advertisement

Facebook

Реклама