Connect with us

Фудбал

Баерн донира пари: Помош за 18 клуба

Објавено:

Баерн Минхен е најголемиот и најбогат германски клуб. Баварскиот гигант вчера објави дека одлучил да донира средства за клубови од неговиот регион, со цел тие да се справат што е можно побрзо со кризата предизвикана од новата пандемија на коронавирус.

Како што истакнаа од Баерн, оваа голема иницијатива беше овозможена пред се од навивачите.

Германскиот фудбал (1 и 2 бундес лига) продолжи минатиот викенд, а веќе е во тек 27-то коло од Бундес лигата и Цвајте.

Додека екипата на Баерн се подготвуваше за вечерашниот натпревар против Ајнтрахт Франкфурт, клубот ја информираше јавноста за донацијата.

Средства од Баерн ќе добијат 18 клубови од Баварија, а парите ќе бидат исплатени и во регионалната лига.

Донациите доаѓаат од фондацијата Баерн „Хилф еВ“, а 18 клуба ќе добијат по 20 000 евра, а додека регионалната лига на Баварците ќе добие 100 000 евра. Според тоа, вкупната сума е 460.000 евра.

Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама