Connect with us

Фудбал

Баерн и понуди на ѕвездата неверојатна фигура, а тој не кажа ниту збор

Баерн Минхен преговара со неколку играчи за продолжување на соработката, а меѓу оние кои клубот сака да ги остави во своите редови е и Серж Гнабри.

26-годишниот крилен напаѓач има договор со баварскиот гигант до летото следната година, но според „Билд“, клубот му понудил значително зголемување на платата за да се обиде да го задржи.

Гнабри во моментов има плата од осум милиони евра годишно. Баерн е подготвен да ја зголеми неговата бројка до максимални 19 милиони евра и со оваа понуда излезе пред големиот фудбалер.

Сепак, одговор се уште не добиле. Гнабри и неговите агенти молчат, а Баварците се многу загрижени поради ова бидејќи следното лето овој фудбалер би можел да замине како слободен играч.

Серж Гнабри е член на баварскиот гигант од 2017 година. Играше како позајмен во Хофенхајм и постигна 63 гола на 168 натпревари.

Сезонава одигра 42 натпревари со 16 голови и 10 асистенции.