Connect with us

Фудбал

Баерн ќе го ослободи Мартинез за 6-8 милиони евра, фудбалерот сака да оди во Атлетик

Минхен, 11 септември 2020 (МИА) – Играчот за врска на Баерн Минхен, Хави Мартинез може да го напушти тимот од Минхен.

Според Скај Спорт Германија, клубот од Саудиска Арабија му понудил на играчот за врска профитабилен тригодишен договор.

Сепак, се забележува дека играчот има намера да се врати во Шпанија и да се приклучи на Атлетик.

Баварците бараат 6-8 милиони евра од потенцијален купувач. Се претпоставува дека заминувањето на Мартинез од Баерн во овој преоден рок е многу веројатно.

loading...

Претходно беше објавено дека Шпанецот веќе ги договорил условите на договорот со клубот од Билбао. зс/

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com