Фудбал
Баерн ќе го претстави новиот тренер во јануари, а неговото име е веќе познато
Баерн веќе некое време е без тренер откако челниците на клубот му го предадоа отказот на Никo Ковач.
Нико Ковач беше отпуштен по серијата лоши резултати, но се очекуваше Баерн да реагира брзо кога станува збор за нов тренер. Сепак, Баварците веќе неколку недели се под водство на Ханс-Дитер Флик, кој беше асистент на Ковач.
Клубот се обиде да го добие Ерик Хаг од Ајакс, но не успеа. На крајот, беше решено Флик да остане тренер на првиот тим веројатно до крајот на оваа година, а новиот тренер треба да биде откриен на почетокот на 2020 година.
Баерн преговараше со Арсен Венгер и Жозе Мурињо, но не беа во можност да најдат заеднички јазик. Но, како што пишува германскиот „Билд“, нов тренер на Баерн скоро сигурно ќе биде Маурисио Почетино.
Аргентинецот беше отпуштен на клупата на Тотенхем минатата недела и сега е без ангажман. „Билд“ пишува дека Хасан Салихамиџиќ ќе одржи клучни разговори со Почетино во наредните денови, но многумина веруваат дека тој е сигурно новиот тренер на Баерн.
Сепак, ќе мора да почекаме некое време за конечна одлука за ова.